Во “Тендери” првоосомничената од Министерството за култура проневерила 1 милион евра

Првоосомничената заедно со тројца членови на комисијата за јавни набавки при министерството за култура ги искористиле своите позиции и при вршење на јавните набавки за правното лице ГТД Бетон Штип АД Штип прибавиле корист која се манифестирала во незаконско повластување, односно фаворизирање за изведување на завршни градежни и градежно занаетски работи на објект Музеј на македонската борба за државност и самостојност, Музеј на внатрешно македонската организација и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим во Скопје.

“Постои основно сомнение дека пред да се објави оглас за доделување на договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на принципите на конкуренција и транспарентност, предвидени во член 2 од законот за јавните набавки и спротивно на член 28 од истиот закон, пред да се донесе одлука за потребата од јавна набавка, првоосомничената веќе донела одлука кој да ја добие и да ја заврши работата предмет на набавката.” – потенцираше обвинителката Фатиме Фетаи.

Според доказите на СЈО, првоосомничената заедно со останатите проневериле околу 1 милион евра, пари на граѓаните на Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e