Во Теарце фалело ливче, потоа истото е најдено во кутија; Бугарски воз на повидок?

Во избирачкото место 2011 во Теарце, избирачкиот одбор на почетокот на гласањето констатирал недостиг на гласачко ливче во изборниот материјал. 

Ова е според приговорот на СДСМ. Подоцна тоа ливче, со заокружен број 1 за коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, е најдено во гласачката кутија, сосе серискиот број кој требало да остане во кочанот, а бил откинат заедно со ливчето.

Забелешката на членот на ИО била внесена во записник, но место гласањето да биде прекинато, тоа продолжило.

Силвана Бонева, член на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ вели дека станува збор за откинат кочан кој во текот на денот е пронајден. Таа смета дека нема основ за прегласување.

„Значи, за ова востанувааме практика, и да фали ливче, ако на крајот на денот речеме – ете го, сега е тука – тогаш се е во ред. Тоа е лоша практика и за понатаму“ – вели Игор Милев, член на ДИК од СДСМ.

Се чека увид во записникот број 15, да се викнат во ДИК членовите на ИО и на Општинската изборна комисија и да се утврди што се случило.

До полноќ би требало да се решат приговорите, но засега работата тече бавно.

Приговорите се од БЕСА и СДСМ.

Ова е типичен пример на т.н бугарски воз според кој едно ливче се краде и потоа се заокружува бројка за одредена политичка партија после што тоа ливче се дава на некој гласач кој тоа ливче го пушта во гласачката кутија додека празното ливче го враќа назад на лицето од одредената политичка партија, а  целиот овој процес се повторува повеќекратно со цел партијата да биде сигурна дека гласачот ќе гласа за неа. Во конкретниот случај најденото ливче било со број 1, број кој на овие избори беше за ВМРО-ДПМНЕ, што укажува на можноста оваа партија да го има украдено ливчето и организирано бугарскиот воз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e