Ништо чудно, ако знаеме дека кај нас повеќе 20 години секој кој се крене ја крои судбината на народот по своја мерка и за своја корист. Повеќе од 20 години не обликуваат преку образовен систем. Не трујат преку своите медиуми. Не држат во постојан страв. И веќе со години, за наше добро, држава ни создаваат оние на кои до истата им дошло исто колку овој снег што се топи. И додека тие ја создаваат државата во која ние ќе можеме еден ден да живееме ЕДНИ ПОКРАЈ ДРУГИ, зарадни нивна корист ни поминуваат години. Најубавите години.
Оние години кои истите овие политичари ги крадеа од нашите родители, а сега ни ги земаат и нам. Ни го цицаат животот преку цевка сите овие години, за да ни остават само една можност. Да бираме ДАЛИ ЌЕ БЕГАМЕ ОДОВМЕ СЕГА ИЛИ ВЕДНАШ. Дали како и оние 24,8% или една четвртина, луѓе и жени, млади, средовечни, со деца и без нив, кои во последните две години си отишле од земјава, седнале во автобус кој вози во еден правец. Што подалеку одовде! И да бидеме јасни, не заминуваат овие луѓе само „по парче леб“. Не, повеќето заминуваат бидејќи не гледаат дека овде може да има живот во наредните 100 години. Дека наместо индокринираните партиски трчкала шанса ќе добијат оние кои навистина тоа го заслужуваат. Дека знаењето некогаш ќе биде над приликите. Дека затруениот систем некогаш ќе профункционира. Дека барем ќе бидат примени кај лекар, а никој „преку врска“ нема да влезе пред нив. Никој тоа не го гледа и затоа заминуваат. Бидјеќи, се насобрало толку ѓубре, што смредеата стана неподнослива
Целата анализа на Ирена Ставровска за “Фактор” прочитајте ја тука