ДИК денеска го поништи гласањето во гласачкото место 0396/1 во Гостивар, кое се наоѓа во шестата изборна единица. Доколку има разлика ДИК ќе донесе одлука да има прегласување во истото. Бројките покажуваат дека поради малата разлика во бројот на гласови меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ најверојатно ќе има прегласување.
Во изборното место има 892 гласачи запишани во избирачкиот список. На гласање излегле 450 од нив. Неважечки ливчиња имало 21 на број. Од нив 74 гласале за ВМРО ДПМНЕ, 102 за СДСМ, додека 107 за ДУИ, 48 за БЕСА, 68 за Алијансата за Албанците, како и 24 за ДПА, а 6 гласа отишле во рацете на ПДП.
Разликата пак во целата шеста изборна единица меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ изнесува 307 гласови. Разликата пак меѓу ДУИ и БЕСА е 15. 545 гласови. Во шестата изборна единица, најмногу мандати 6 освои ДУИ, потоа 4 ВМРО-ДПМНЕ, а по три СДСМ и БЕСА, ДПА и Алијансата за Албанците поделија по две пратенички места.
ДИК право на жалба даде на сите политички партии кои имале свои кандидати во шестата изборна единица.