ВМРОВЦИ НА ПРОДАЖБА: Груевски си купува партии како на Бит-пазар

Факт е дека ВМРО-ДПМНЕ  со парите од буџетот и со украдените пари од народот, станува движење, во кое влегуваат сите што се на продажба. Сето тоа изборите во вакви сиромашни држави ги сведува на „бандитизам на големите партии од власта“. Богатите партии може да си купат, не само медиуми за поддршка, туку и интелектуалци, цели партии, членови од други партии, гласови, па ако е потребно и пратеници. А тоа изборите ги претвора, не во политичка битка, туку во пазар на кој секој може да си купи магаре што најмногу му одговара, вели Ѓорги Спасов во инервју за Фокус.

Едно кусо интервју со Ламбе Арнаудов за ТВ 24 вести, дадено на празникот 23 октомври, откри повеќе работи за суштината на ВМРО-НП отколку сите анализи на таа партија правени однадвор.

Ламбе кажа дека ВМРО-НП е идеолошки поблиска до ВМРО-ДПМНЕ отколку до која било друга партија. Нејзините членови потекнуваат од таа партија и посакуваат да се вратат во неа. Дека тој лично е пријател со Никола Груевски, и сѐ што е кажано за Груевски во врска со некаков криминал направен од негова страна е политичка пропаганда, слична на онаа со која СДСМ и него лично го обвинувал па и го осудил.

И не од сега, туку многу поодамна, од пред неколку години, почнале да се затоплуваат односите меѓу двете партии. Тоа почнало уште во моментот кога голем број членови од ВМРО-НП почнале поединечно да му се нудат на Груевски и да се договараат да преминат во неговата партија. Тогаш, раководството на ВМРО-НП сфатило дека подобро е колективно да му се понудат на Груевски и да испазарат подобра позиција од онаа што за себе ќе ја обезбедат членовите со поединечно нудење.

 ПОНУДИ ШТО НЕ МОЖАТ ДА СЕ ОДБИЈАТ

И врз основа на таа математика, Ламбе го избрале за овластен преговарач од ИК на партијата за соработка со ВМРО-ДПМНЕ. Од таквата позиција, тој веќе договорил пакет за заеднички настап на изборите, за кој верува дека е прифатлив за најголемиот број членови на ВМРО-НП. Во тој пакет се водело сметка од Груевски да се добијат вработувања, пред сѐ, за нивни членови по општинските организации.

Ламбе не спомна дали во преговорите за заеднички настап на Георгиевски и Груевски, станало збор за некаква заедничка политичка платформа, која би била нешто поразлична од оваа која десет години ја спроведува ВМРО-ДПМНЕ, туку само констатира дека „за да го спречат распаѓањето на својата партија“, кое почнало да се случува со одлевањето на поединци кон ВМРО-ДПМНЕ, тие решеле колективно припојување на партијата кон Груевски во замена за вработувања (и пари) на клучни луѓе во партијата. Ламбе тврди и дека тој процес на повторно обединување се одвива нормално и без притисок од ВМРО-ДПМНЕ, туку со „понуда што не може да се одбие“.

Оваа искрена исповед на Ламбе, всушност само потврди дека најбогатата партија во Македонија ДПМНЕ, одново е ставена во акција за купување на помалите партии од десницата и од центарот или барем на нивното членство. Од она што е досега познато и веќе видено, тоа се одвива на два начина. Првиот е со „понуди што не можат да се одбијат“ до нивни членови за да се вратат во  старото стадо. И вториот е со нудење „пакет аранжман“ за припојување цели партии и раководства.

Груевски тоа, всушност, го практикуваше и пред изборите во 2011 година и со коруптивни методи ги растураше Достоинство на Стојанче Ангелов, партијата Обединети за Македонија на Љубе Бошкоски, па и ВМРО-НП на Љупчо Георгиевски.

Во една од бомбите на Заев е објавен разговорот на Гордана Јанкулоска со Протуѓер, по апсењето на Љубе Бошкоски, во кој таа вели дека „Сега, откако е тој уапсен, треба сите негови членови поединечно да ги собереме во ВМРО-ДПМНЕ“. А партијата на Бошкоски на тие избори освои 17.081 глас. Оттогаш и потпретседателката на Обединети за Македонија, Наталија Ивчева премина во ВМРО-ДПМНЕ и го уредува порталот Инфомакс.

 СТРАТЕГИЈА ЗА ДЕСНИТЕ ПАРТИИ

Обидите да се растури ВМРО-НП, со пакет-аранжмани за раководството, траат речиси од формирањето на партијата на Георгиевски.

Уште во 2007 година, некои пратеници од пратеничката група на ВМРО-НП, меѓу кои беа Валeнтина Божиновска и други, преминаа во ВМРО-ДПМНЕ, а првата претседателка на таа партија Весна Јаневска стана независен пратеник и подоцна член на ВМРО-ДПМНЕ. По изборот на новиот претседател на партијата  Ѓорѓи Трендафилов, во 2008 година , ВМРО-НП и не излезе на изборите, па ВМРО-ДПМНЕ ја оствари својата најголема победа во историјата.

Во октомври 2009 година за претседател на ВМРО-НП е избран нејзиниот поранешен пратеник Марјан Додовски. Таа година на локалните избори ВМРО-НП освојува дури 43 илјади гласачи. На парламентарните избори во 2011 година, партијата предводена од Додовски освои 28.500 гласови во сите изборни единици, но не доби ниту еден пратеник. На прашањето од „Фокус“, зошто ВМРО-НП не освои ниту едно пратеничко место, тогаш сѐ уште нејзиниот лидер Додовски одговара:

„Сакам да истакнам дека ВМРО-ДПМНЕ направи посебна стратегија за десниот кампус на политички партии. Штабот, фокусиран на луѓето од десницата, функционираше беспрекорно. Темелно и буквално беше снимен секој оној, кој е запишан во единствениот избирачки список. Вие да дојдете до информации дека се знаело, буквално, кој во која продавница колку должи, кој има поднесено барање за кредит да му се одобри, кој какви казни има – прекршочни или кривични, кој имал пријава од УЈП… Сето тоа беше ставено во функција, за луѓето да бидат уценети!

Емисарите од ВМРО-ДПМНЕ во третата изборна единица, без срам и перде одеа со ветувања за вработување, за укинување на прекршочни пријави… Ги искористија сите инструменти за да може да се направи притисокот, за да се дојде до посакуваниот резултат. Очигледно е дека одредени луѓе беа ставени во машина, дури да мора да доаѓаат и по митинзите и да веат знамиња, но да мора да работат и за нив!

Целосниот текст можете да го прочитате тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e