ВМРО-Народна партија смета дека е недолично двете најголеми политички партии од македонскиот блок ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, да докажуваат дека математиката е најважен предмет за основците и средношколците и тоа веќе добива трагикомични размери во нивната меѓусебна предизборна кампања пред македонската јавност, кој повеќе ќе ги затрупа учениците со енормно зголемен број на часови од најнеомилениот предмет математиката.
ВМРО-Народна партија бара да се применуваат искуствата во образовниот процес од земји каде што се постигнуваат најдобри резултати, што произлегува од можноста ученикот по свој избор да се определи кој предмет да го изучува, а не постојано да се експериментира како што е сличај кај нас.
ВМРО-Народна партија доколку победи на изборите, ќе донесе закон со кој предметот математика кој е баук за мнозинството ученици, да се изучува факултативно.
За поврзани вести продолжете надолу