ВМРО–ДПМНЕ заминува во опозиција!

ВМРО-ДПМНЕ замина во опозиција. Високи партиски, но и дипломатски извори ја потврдија оваа информација. Според информации на телевизија 24, на седница на извршниот комитет, одржана во вторникот вечерта лидерот на партијата Никола Груевски им соопштил на сопартијците дека заминуваат во опозиција, побарал од носителите на јавни фунцкии, да не прават никакви проблеми и да ги остават печатите.
Крвавиот четврток е за секаква осуда, брифираат од партијата, дополнително и Извршниот комитет остро ги осуди инцидентите. Заминуваме во опозиција, новата влада ќе има силна и конструктивна опозиција, тврдат за ТВ 24 високи партиски извори. Потврда на овие информации, може да се толкува вчерашниот ден кога Талат Џафери и официјално го презеде кабинетот на претседателот на Собранието на Македонија. Примопредавањето се извршило во, како што се вели, нормална демократска процедура, каде бил оставен и печатот. На последната седница на врвот на партијата, бил изнесен и предлог пратениците да ја бојкотираат работата на Собранието и партијата да делува вониснтитуционално, но ваквиот предлог бил отфрлен. Новата власт нека се подготви за жестока и конструктивна опозиција..Дебатата на конститутивната седница, беше само загревање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e