Република Македонија не смее повеќе да биде заложник на криминалот и алчноста на Зоран Заев. Избори мора да има за да престане тригодишната агонија на континуирано задолжување, заминување на младите, епидемија од корупција, нула капитални инвестиции и сеопшто тонење, велат од ВМРО-ДПМНЕ во најновото соопштение.
Со секој изминат ден, стравот на Заев од соочување со граѓаните е се поголем затоа што знае дека не само што ќе го испратат во опозиција, ќе бараат од него и кривична одговорност и враќање на секој украден денар.
Аболицираниот Заев на чело со СДСМ со законот за јавно обвинителство сака да се амнестира и да продолжи селективната правда. Повеќе од јасно е дека тој е главата на октоподот. Од снимката објавена во јавноста може да се слушне како криминалецот Зоран Заев признава дека ја помагал телевизијата на Боки Јовановски кој пак е главно осомничен за „Рекет“ заедно со Катица Јанева.
Затоа Зоран Заев сака да озакони класична неправда, односно незаконски снимки да може за други да се користат како докази, но не и за него бидејќи се со понов датум, стои во партиското соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.