ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги украде пензионерите со лопата

Без никаков срам СДСМ и понатаму вели дека се грижи за пензионерите. Во овие три години откако тие се на власт целосно заборавија на  оваа категорија на граѓани. На пензионерите повеќе од јасно им е дека СДСМ сега пред избори ќе почне да мисли за нив само за да ги добие некој глас повеќе, велат во најновото соопштени ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ се фали дека ги покачиле пензиите на пензионерите, но тие добро знаат дека  не е така и всушност станува збор за лага.  СДСМ не го кажуваат фактот дека пред тоа по законот за порамнување на пензиите, им ги скратија пензиите.

Во првите 6 месеци од 2019 со промена на законот за пензиско и инвалидско осигурување тие одземаа 445 денари, а во вторите 6 месеци од 2019 година им одземаа дополнителни 705 денари. Ова всушност значи дека за целата 2019 година СДСМ на пензионерите им одзема 6 900 денари или по 575 денари месечно. За  ова се виновни СДСМ и Заев, и по 12 Април тие ќе одговараат.

Но, доаѓаат подобри времиња. Со новата влада која ќе биде предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати грижата за пензионерите како што навистина и заслужуваат, сти во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e