ВМРО-ДПМНЕ за 5 дена зборувале повеќе од 9 часа

Минатата недела ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на собраниската говорница зборувале точно 557 минути, односно 190 минути повеќе од сите останати политички партии.

СДСМ и коалицијата на говорница биле 305 минути, односно нешто повеќе од 6 часа, ДУИ 51 минута, Алијансата за Албанците 24 минути и БЕСА 9 минути.

Од 184 процедурални, 90 биле на СДСМ, а 66 на ВМРО-ДПМНЕ.

Официјалните статистики од Собранието, покажуваат дека првите два дена ВМРО-ДПМНЕ ја узурпирало говорницата, а оваа статистика се менува во следните три дена кога во дебатата се вклучуваат и пратениците на СДСМ.

Извор: А1он

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e