ВМРО-ДПМНЕ спрема нереди пред седиштето на ДИК?

По завчерашната преконфeренција на Државната изборна комисија, според прелиминарните резултати ВМРО-ДПМНЕ имаше водство од  51:49 пратеници наспроти Социјалдемократкиот сојуз. Но со оглед на низата нерегуларности кои беа предочени и од мисијата на ОБСЕ и ОДИХР но и на домашните наблудувачи МОСТ и ЦИВИЛ можно е да има промена на мандатите во корист на СДСМ.

Имено како што некои портали информираа, електронските записници кои биле пријавени во ДИК не биле истите оние кои биле официјално потпишани од сите субјекти на денот на гласањето, но исто така и за околу 30 000 гласови за СДСМ кои биле поништени затоа што освен заокружувањето на бројот 4 на гласачките ливчиња, покрај бројката стоела и некоја цртка, ливчиња кои во изминатите години ДИК ги признаваше како валидни, а се зборуваше и дека во ИЕ 5 се гласало со материјал од ИЕ 6.

СДСМ предходно информираше дека според записниците кои пристигнале кај нив тие освоиле повеќе мандати од ВМРО-ДПМНЕ и им било многу чудно што ДИК излезе со резултати во корист на ВМРО- ДПМНЕ, а синоќа заедно со БЕСА поднесоа вкупно 16 приговори во врска со овие нерегуларности и се очекува ДИК добар дел од нив да прифати со што и конечниот резултат од изборите би бил на страната на СДСМ и коалицијата.

Ова по се изгледа не им од одговара на ВМРО-ДПМНЕ. До редакцијата предмалку пристигна информација дека ВМРО-ДПМНЕ ги повикува членовите да излезат пред штаб сакајки да прикаже дека народот “спонтано” ќе го искаже својот револт, по што најверојатно би се упатиле пред Државната изборна комисија каде се може да се случи, а истовремено во координација со партијата сево ова ќе биде пренесено на Сител телевизија каде ќе се види дека народот наводно ќе го изрази својот гнев, иако и во предходниот период бевме сведоци на оркестрирани и “спонтани” собирања на народот кој е составен најмногу од јавната администрација која е под силен притисок на власта.

 

15577863_10208196115524080_440548406_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e