ВМРО-ДПМНЕ: Се ближи денот кога граѓаните ќе стават крај на сите лаги и погубни политики на СДСM

СДСМ се свесни за катастрофалниот пораз кој ги очекува на 12 Април и се обидуваат да го убедат народот дека не сфаќа колку бил добар животниот стандарт во земјата и колку е намалена невработеноста. Но, граѓаните добро знаат дека не е така, дека нема странски инвестиции, нема отварање на нови работни места, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ во најновото соопштение.

Лошите политики на СДСМ ги чувствуваат и младите и токму поради тие нивни лоши политики секојдневно ја напуштаат државата, а доказ за тоа се бројките кои покажуваат дека во 2019 година се иселени над 10.000 млади лица од државата.

СДСМ  вели дека младинската гаранција само во 2019 опфатила 20 000 млади лица, а ако добро се погледне во Оперативниот План за 2019 планираниот опфат во Гаранција за млади на целата територија на Република Македонија е 9500. Ова само покажува дека бројките кој СДСМ  ги презентира се лажни.

Се ближи денот кога граѓаните ќе стават крај на сите овие лаги и погубни политики на СДСМ.

На 12 Април следува одговорност.

На 12 Април граѓаните ќе го дадат својот глас за обнова на Македонија, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e