Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, преку партиско соопштение ги објави фактите на денот:
1. МВР под водство на СДСМ под сомнителни околности на крајно незаконски начин склучува договор за набавка и испорака на пасоши и документација за лична идентификација во вредност од над 19,5 милиони евра за периодот 2020 и 2021 година.
2. СДСМ со денови ја опструира работата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.
3. СДСМ и Зоран Заев во паника од поразот, во очи на избори бесрамно продолжуваат со предизборни вработувања и партизација на институциите. Во очи на распуштање на парламентот и формалното започнување на предизборниот период се распишува оглас за 200 од 600 предвидени вработувања во државната АД ЕЛЕМ.
4. Земјоделецот Екрем Јаји пријавил штета кај министерот Трајан Димковски по што требал да биде финансиски обесштетен. Земјоделецот и покрај сите ветувања не ја добил предвидената оштета и лута по ходниците на институциите.
5. Република Македонија е станата држава на старци, држава која се помалку поседува млад потенцијал. Изминатите 3-4 години бројот на иселување рапидно расте и градовите и селата се останати празни.
6. Статистичките податоци во однос на иселувањето од Македонија се застрашувачки. Само минатата година од Република Македонија во државите од ЕУ се иселиле 1,2 проценти од популацијата, односно во апсолутни бројки 24 илјади граѓани.
7. Придавката северномакедонски се презентира на меѓународни саеми. Толку од лагите на Заев за забетонираниот идентитет.
8. Заев и СДСМ се во неформална коалиција со наркобандите во Македонија. Ниту грам кокаин не е запленет изминатите три години.
9. Во изминатите три години централната власт предводена од Зоран Заев нема инвестирано ниту еден денар од буџетот на Република Македонија во Ѓорче Петров. Иста е ситуацијата насекаде во општините низ Република Македонија.
10. Бојан Маричиќ кој е советник во Владата на Република Македонија, присутен на партиските настани на Зоран Заев и СДСМ. Дали советник кој има примања од државниот буџет треба во текот на работното време да извршува партиски обврски?