ВМРО-ДПМНЕ: Одземање на иднината на генерациите кои доаѓаат

Заев и СДСМ заминуваат од власт како и што дојдоа, со непочитување на Уставот и законите во Република Македонија. Мандатот го завршија со газење на процедурите, кршење на Уставот и насилничко носење на закони со цел спас на криминалите на Заев и свитата околу него, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Три години граѓаните се сведоци на свиткана кичма, сменето име, избришан идентитет, продадени историја јазик и култура. Три години пазарење со се што е македонско и одземање на иднината на генерациите кои доаѓаат.

Со Заев и СДСМ во Република Македонија три години сите бевме сведоци и жртви на неправди, брутален криминал, „Рекет“, милионски провизии, притисоци, заробено обвинителство и Луј Витон судство.

Правдата која ја ветуваа се претвори во неправда, а наместо законите, со улиците царуваа криминалците кои Зоран Заев ги ослободи од затворите за да шират страв кај македонските граѓани.

Зоран Заев и СДСМ ја претворија државата во најкриминална и најкорумпирана во Европа, а угледниот Економист ја прогласи Македонија за хибриден режим. Со нивниот криминално рекетарски систем на работа не само што не ги отворија вратите на Европа туку се повеќе не оддалечија, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e