Во нормална земја на криминалци како што е Заев не би им било дозволено да држат пенкало во рака и да се потпишат на бланко лист, а не да изготвуваат закони за јавно обвинителство, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Нема поголем апсурд кога три пати аболициран криминалец обвинува дека луѓе кои се опфатени со предмети на рекетарското СЈО го блокирале законот.
Заев е патолошки лажго. Како во народната кога крадецот викал држете го крадецот, Заев се обидува да ја префрли вината за насилничкото носење на закони. Нема поголем апсурд од денешниот кога човек кој владее со хибриден режим обвинува за притисоци и закани. Да не беше трагично ќе беше смешно. Доколку имало каков било притисок врз кој било пратеник од страна на некој член на опозицијата, досега Русковска и Кацарска ќе го сместеа во притвор. Тие во притвор праќаа луѓе врз основа на фабрикувани телеграми и доколку имаше трошка вистина во исказите на Заев овие луѓе до сега ќе беа зад решетки.
Неуставниот Закон за Јавно обвинителство му е важен на Заев заради членот 110 преку кој се амнестира за сите сторени криминали.
Со членот 110 став 1 од Законот за јавно обвинителство се предвидува сите незаконски снимени материјали да не може да служат за индиција врз која Обвинителството ќе може да отвори истрага, односно на овој начин Заев се обидува да се амнестира себе си и Катица Јанева, за да не може да важат за нив објавените снимки, обвнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.