ВМРО-ДПМНЕ, најмоќната партија во таканаречениот македонски блок во моментов изгледа токму толку прагматично колку гуска во магла

Доцна ноќ во престолнината. Автомобили по улиците трубат на своите сирени. Од отворените прозорци се веат различни знамиња, најмногу државни. Луѓето шетаат и пеат. Повеќето се прегрнати. Многумина со скокање меѓу барокните објекти ја изразуваат својата радост. Никому не му пречи ниту снегот, ниту студот. И во другите градови е слично. Случајниот свeдител на оваа слика помислува: „Ќе ја биде оваа мала јужноевропска држава“.

Да, почитуван читателу, во право си, ова е сликата од Љубљана, каде што Словенците го прославија третото место и нивниот прв медал од светските ракометни првенства. И додека Словенија го славеше својот најголем ракометен успех, Македонија беше будна и трепереше очекувајќи го својот најголем успех – формирање влада! И – не го дочека. Дочека уште една несолена шега со нејзините нерви, нејзиниот устав и, што е најлошо, со нејзината иднина.

И го продолжи парадоксот на сопственото политичко битисување.

Наводно најзрелата партија од албанскиот политички блок излезе на својот прв важен испит на зрелоста. И – падна!

Изборите од 11 декември, кои беа најавувани како нов почеток, разврска на кризата и како уште не, од една страна беа токму тоа – крај за еден лагоден и корумпиран начин на владеење (ВМРО-ДПМНЕ за првпат од 2006 година не може да состави влада), но и продолжување на агонијата од она што следи, бидејќи во оваа ситуација не се исклучени ниту институционалните, ниту вонинституционалните решенија.

Демократската унија за интеграција е следниот парадокс во овдешниот политички трилер. Токму во моментот кога е таа најслаба во својата парламентарна историја, излегува дека е најважен (и единствен) фактор во формирањето на новата влада. Наводно најзрелата партија од албанскиот политички блок излезе на својот прв важен испит на зрелоста. И – падна!

Изјавата на Бујар Османи, според која, и повеќе од еден месец по изборите, ДУИ не може да се реши дали ќе оди во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, со СДСМ, дали ќе бара влада на широка коалиција, дали ќе оди во опозиција или на нови избори, е, најблаго речено, несериозна, неодговорна и непресметана. Па, за кој ѓавол, воопшто излегувавте на избори ако не знаете што ќе правите со резултатите од изборите?

Посебно место во оваа драмолетка, се разбира, има ВМРО-ДПМНЕ, најмоќната партија во таканаречениот македонски блок, која во моментов изгледа токму толку прагматично колку гуска во магла. Веднаш побараа нови избори! Демек, ако нивниот лидер не може да состави влада, тогаш никој не може! А нивниот лидер, ете, не може.

Целата колумна на Ѕвездан Георгиевски објавена на Призма може да ја прочитате тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e