Никола Тодоров на прес конференцијата изглуми дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го бојкотира прегласувањето во Теарце како алиби за евентуално изгубен мандат, а на терен веќе се организираат, дознава Centarnews.
По одлуката на Управниот суд за прегласување на едно избирачко место во Теарце, Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција рече дека нивната партија останува на ставот од прогласот дека нема да учествува во прегласување. Од Centarnews велат дека од ВМРО-ДПМНЕ веќе се пуштени луѓе на терен во Теарце каде се врши притисок врз гласачите.