Криминалците блиски до (лидерот на СДСМ Зоран) Заев завршија во притвор заради тоа што го труеја Скопје со кокаин долго време, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали аболицираниот криминалец Зоран Заев знаеше за црниот бизнис со дрога на неговиот пријател? Дали аболицираниот Заев му помагал на својот пријател во трговијата со наркотици и дали од сето тоа земал пари за себе или за партијата? Вистинското прашање е зошто толку време овие криминалци беа сигурни во себе дека нема да одговараат? Дали заради тоа што СДСМ скоро цела година го водеше МВР? Дали заради Оливер Спасовски или Примислав Димовски? Се познавал ли притворениот Сеад Рахиќ со нив и дали му помагале?“, праша Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Граѓанска и демократска Македонија оди напред, со зрели политичари кои ќе водат реални и одговорни политики. Тоа е веќе незапирлив демократски процес. Граѓаните на Македонија на предвремените избори избраа промени, правда и живот. Сакаат да живеат добро, а не во огромна сиромаштија, сакаат да живеат заедно, а не поделени, сакаат интеграција на Македонија, а не изолација… Затоа, безуспешни се сите обиди на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ да ги користат медиумите што ги направија зависни од нив, за измислици и лажни вести, што граѓаните веќе ги препознаваат“, реагираат од СДСМ