Владата забрани движење на возила од јавен превоз додека трае полицискиот час

Владата на вечерашната 26 седница донесе одлука да се забрани движење на возила од јавен превоз на територијата на целата држава во период од 21 часот до 5 часот односно додека трае полицискиот час.

Од ноќеска полицискиот час се скратува за еден час и наместо до 6 ќе трае до 5 часот наутро.

Воведена е и нова забрана за две возрасни категории – за лица постари од 67 години, кои не смеат да излегуваат од дома од 11 часот претпалдне до 5 часот наутро, и за млади до 18 години, за кои движењето надвор е забрането од 21 часот до 12 напладне.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e