Владата на последната седница одлучи да се побара одговорност за рушењето на фасадите и другите делови од јавните објекти.
-Владата ја разгледа информацијата за последиците од невремето со силниот ветер на 26 февруари и донесе заклучок да ги повика Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да покренат постапки за одговорноста за рушењето на фасадите и другите делови од јавните објекти, врз основа на увидот на стручните служби што го направија на оштетувањата на зградите на МЕПСО, на Владата на Северна Македонија, како и на другите објекти, известуваат од владата.