Владата донесе одлука за ревизија на вработувањата од распишувањето на изборите до изборот на новата владa. Нa oваа тема реферирал и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.
Манчевски за ТВ 24 вели вели дека имало вработувања во тој период иако е незаконски, но вели точната бројка ќе се знае утре. На денешната седница беше избран и нов раководител на службата за заеднички и општи работи, Пеце Мирчевски доаѓа на местото на Васе Донев.