Влада: Сите избрани и именувани функционери ќе примаат минимална плата од 14.500 ден во април и мај 2020 година

Сите избрани и именувани функционери на државно и на локално ниво ќе земат минимална нето плата (сметано од декември 2019) од 14.500 денари за месеците април и мај 2020 година.

Тоа значи: Претседателите на државата, на Собранието и на Владата, сите министри, заменици министри, државни секретари, директори на државни институции, пратеници, градоначалници, и сите останати избрани и именувани лица.

Одредбите од оваа уредба не се однесуваат на именуваните лица согласно закон во јавните здравствени установи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ