Советникот во Општина Струмица од редовите на ВМРО -НП, Методи Витанов, кој вчера со одлука на централното раководство на партијата беше приклонет на страна на ВМРО – ДПМНЕ, денеска излезе со изјава дека бил грубо иманипулиран од страна на сопствената партија.
Витанов изјави дека од денеска ја напушта партијата и дека понатамошниот свој ангажман во советот на општината ќе го продолжи како независен советник поддржувајки ја СДСМ.
Поддршка за овој потег Витанов доби и од претседателот на општинискиот комитет на ВМРО – НП од Струмица.