Утре наутро времето ќе биде постудено со услови за појава на магла по одделни котлини, соопшти УХМР.
Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец.
Во Скопје, наутро во делови од котлината со услови за појава на слаба магла. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко.
Во деновите од викендов ќе се задржи сончево и тивко време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла.
Во понеделник облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе преовладува променливо облачно со локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
