Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, денес пред седиштето на СДСМ изјави дека одлуката за формирањето нова Влада ќе биде објавена многу брзо, пренесе Алсат-М. Во врска со разговорите со Движењето Беса, тој рече дека нивната одлука ќе биде објавена во текот на денот.
Денес, во 19 часот, ќе заседава Централниот одбор на СДСМ, по што ќе биде објавена предлог листа до Собранието за целиот Владин кабинет и за новата програма на новата влада.