Денеска беше закажано па откажано рочиштето на случајот “Поткуп” во кој обвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
“Ви благодарам на вас новинарите и на вашите медиуми што ги следите ваквите случувања во македонското правосудство и продолжете да ги следите, како што тргнала работава комплетно ќе ја разобличиме неправдата во Македонија и ќе дојде време на правда во нашата земја.
Денеска, како што бевте сведоци, се случи една катарза и врв на срамот во правосудството во Македонија. Златко Биковски, кој го водеше случајот Пуч, дојде да го заменува Владимир Милошевски.
Владимир Милошевски констатиравме, не е надлежен и нема надлежност да застапува вакво обвинение. Истиот тој Златко Биковски на претходното рочиште потврди дека тој има право да го застапува ваквото обвинение. Само по себе, ова претставува апсурд и контрадикторност, што само по себе го разобличува и го отвора како пупка сето она што се случува во македонското правосудство.
Ние сме тука исправени барајќи правда.
Се надеваме дека правдата ќе дојде за сите во Република Македонија”, изјави Заев од пред основниот суд.