Топ Тема на Ваша страна го презентира вториот дел од анкетата на телевизија Телма изработена од МЦМС и М Проект. Прашањата поврзани со надворешната политика.
Која земја во светот е најпријателски наклонета кон Македонија – резултатите се изненадувачки во однос на мислењето од претходните анкети. Која земја е стратешки партнер на Македонија, но треба ли и ЕУ и САД да влијаат на решавањето на политичката криза во земјава? Во пресрет на формурањето на влада го имаме и прашањето: Какво е мислењето за средбата на преставници на албанските партии од Македонија со албанскиот премиер Еди Рама.
Гости во студиото се аналитичарите Сашо Клековски и Алберт Муслиу и професорот од Правниот факултет д-р. Мишо Докмановиќ.