(ВИДЕО) „Врба“ на Милчо Манчески вечерва на МТВ 1

Премиерно светско ТВ прикажување на филмот „Врба“ на познатиот макеоднски режисер Милчо Манчевски вечерва со почеток од 22ч.

„Врба“ македонската премиера ја имаше на 1 ноември, откако светската се случи на 19 октомври на Филмскиот фестивал во Рим.

„Врба“ е македонско-унгарско-белгиска копродукција во која учествува и Албанија. Се снимаше два месеца во Мариово, Преспа, Трескавец и во Скопје.

Филмот е за лојалност, љубов, доверба и мајчинство, кој спојува приказни за три млади мајки – едната се случува во 17 век, а другите две се современи. Приказните се надополнуваат, а во исто време се и контраст една на друга.

Во филмот играат и младите Никола Ристовски и Ненад Нацев кои се нивни партнери во двете приказни (современата и средновековната). Покрај нив во актерската екипа се и: Петар Мирчевски, Камка Тоциновски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова-Периќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e