Возачот на автобусот кој заврши во провалија кај Автопатот Тетово – Скопје со неговото семејство го напуштил домот во Гостивар веднаш по страотната сообраќајна несреќа, објави Телма.
Насобраните писма и сметки висат на влезната врата. Соседите велат дека возачот бил професионалец и сериозен во својата работа.
Од Јавното обвинителство, најавија дека деновиве ќе го повикаат да сведочи и возачот на автобусот. Во тек е вештачењето на автобусот, патниците веќе се сослушуваат.
