(ВИДЕО) Влатко Стефановски во самоизолација со музичка порака до Италијаните

-Контактите ми се сведени на нула, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Влатко Стефановски.

Тој истакна дека самоизолацијата не му претставува проблем и дека постојано наоѓа со што да го исполни времето.

-Самоизолацијата не ми паѓа тешко. Стално наоѓам нешто да работам. Или свирам или правам музика. Пишувам во компјутер и ако уловам некој добар филм уште поарно. Не можам да кажам дека сум пресреќен заради ова што сум дома, но што е тука е.

Стефановски со песна ги поддржа Италијаните во борбата со коронавирусот, но не заборави и на своите пријатели во Загреб.

-Снимив една нумера од италијанскиот композитор Енио Мориконе, најдобриот филмски композитор на планетава. Одбрав една тема „Cinema paradiso“. Тоа нека биде поздрав и мисла до нив со желба за побрзо надминување на оваа криза. Од друга страна имам потреба и да ги поздравам луѓето од Загреб кои се наоѓаат во „double trouble“, не знаат дали да се чуваат од земјотрес дали од Коронавирус, изјави Стефановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e