(ВИДЕО) Витанов: Уште како зам.министер го информирав премиерот за една од фирмите, одговорот од него беше – знам но ми треба телевизијата

При вчерашното гостување на поранешниот заменик министер за економија од партијата на Ѕинго, Зоран Витанов, во Топ тема, тој на јавноста откри една случка која ја имал во кабинетот на тогашниот премиер, Никола Груевски.

-Јас ја напуштив политиката токму заради тоа што видов што се прави со една од фирмите кои се споменуваат од СЈО ( мисли на истрагата “Труст” во која се осомничени “Силекс”, “Трансмет” и “Вато”) и поради тоа бев кај премиерот да го информирам. Одговорот од премиерот беше: Знам, ама ми треба телевизијата! – вели Витанов.

Делот од оваа изјава може да го погледнете од 25мин. и 50 сек. во видеото подолу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e