Петок, 02 декември, ИЗБОРНА ДЕБАТА на ТВ21, 21:00 часот! Што предлагаат партиите за подобар стандард на граѓаните?
Вечерва во изборното медиумско претставување дискутираат носителите на листите од третата изборна единица! – стои во најавата за емисијата.
“Вечерва во 21:00 часот ќе бидам гостин во TV21. Илија Димовски избега од дебата со мене и од сите носители во ИЕ 3. Очигледно тој и ВМРО-ДПМНЕ немаат што да им понудат на граѓаните. За разлика од нив, ние имаме #ПланЗаЖивот во Македонија!” – напиша на својата Фејсбук фан страница, носителот во Изборната единица 3, од СДСМ и коалицијата, Љупчо Николовски.