(ВИДЕО) Вечерва ексклузивно на „360°“: Чии се куќите на Салвадор Аљенде?

Во вечерашното издание на емисијата „360°“ на Алсат-М ќе ја проследите екслузивната сторија во која откриваме кои се сопствениците на објектите што во петокот вечерта ги сликал истражителот на СЈО, кои министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги посочи како објекти во кои живее екс-шефот на тајната полиција Сашо Мијалков.


Освен тоа, во емисијата и за дилемата – што треба да овозможи експертот од производителот на опремата за прислушување „Ериксон“, може ли некој „далечински“ да брише податоци од системот во УБК и за односите Спасовски-Чавков-Андонов во МВР во пресрет на изборите, зборуваат поранешниот прв човек на тајната полиција Горан Митевски и Јани Макрадули, политичарот кој спротиставувајќи им се на измените на законот за електронски комуникациите во 2010 година, ја навести можната масовна злоупотреба на системот. Ќе ја видите и новата „Саботажа“.

Гледајте „360°“ вечерва во 22:30 на ТВ Алсат-М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e