(ВИДЕО) ТВ 24: По трагата на нафтениот бизнис на Мијалков

Во центарот на Скопје, Дебар маало, според официјалните документи, Во оваа зграда треба да се се наоѓа компанијата Бест Веј Инвестмент – во сопствеништво на синот на Сашо Мијалков, Јордан Мијалков.
Оваа компанија веќе е дел од нафтениот бзинис во земјава – но седиштето не може да лоцира на посочената адреса.
Сопственикот на Бест Веј Инвестмент е Јордан Мијлаков, управител е Илија Тозија – не многу познат во јавноста, но познат во партиските кругови. Според јавувањата на дел од медиумите, тој е член на унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, Бест Веј Инвестмент со 1 врботен лани заработила 250 илјади евра. Компанијата поседува неколку бензински станици – најголем дел наделницата Демир Капија Смоквица и во  Скопје, како и нафтеното складиште во скопско Ржаничино.
ОМПЕТРОЛ ОИЛ е основана на 4ти август минатата година. Оваа фирма експресно добила лиценца од Регулаторната комисија за енергетика за трговија на големо со нафта и нафтени деривати. Управител на ОМПЕТРОЛ ОИЛ е Васил Донаков. Нафтениот бизнис на Мијалкови се држеше во тајност, а првите шпекулации се појавија паралелно со обидот за преземање на Макпетрол. Кипарската Оф шор компанија Балкан Петролеум објави намера за преземање на Макпетрол на 9 Јуни минатата година, само два месеци пред да биде регистрирана ОМПЕТРОЛ ОИЛ. Обидот за премеање на Макпетрол од страна на Балкан Петролеум заврши неуспешно откако на 20-ти септември Комисијата за хартии од вредност ја прекина постапката поради, како што известија, решавање на претходно прашање кај друг надлежен државен орган.
Нафтениот бизнис на Мијалкови стана дел и од пратеничката расправа на конститутивната седница на Собранието.

Извор: ТВ 24

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e