На самиот почеток на денешното продолжение на конститутивната седница на Собранието на Р.Македонија, на процедуралната забелешка од страна на Оливер Спасовски од СДСМ за осмислено одолговлекување на седницата од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ преку нивно меѓусебно реплицирање, претседавачот Трајко Вељаноски одговори: “И вие кога бевте опозиција истото го користевте”.