Градежната компанија Гранит е топ 1 од топ 10-те фирми кои добиле зделки со државни претпријатија во 2015 и 2016 година. Се работи за 6 договори тешки речиси 54 милиони евра. Најчест работодавач за Гранит е Јавното претпријатие за државни патишта.
Кумановската Рапид Билд со два договори тешки 46 милиони евра е на второто место. Таа од претпријатието Македонски ресурси за гасоводна делница е ангажирана за изградба на гасоводната мрежа.
По нив следуваат, Приватниот градежен институт, Силекс Неметали, Пелистер, Ак-Инвест Тетово, Алов-Гевгелија, Пуцко петрол-Пласница, Вардар градба и Елбијор Скопје.
Сумите кои ги земале се движат од 6 до 32 милиони евра.
Но Центарот за граѓански комуникации има и топ 100 државни претпријатија, најголеми потрошувачи на пари за тендери.
Најмногу буџетски пари за ангажирање на приватни фирми потрошиле Македонски енергетски ресурси, Министерството за здравство, Министерството за образование, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство…