Техничката влада денеска ја одржа третата седница со којa претседаваше премиерот Оливер Спасовски. На седницата беа донесени повеќе одлуки, но камерата на „360 Степени“ успеа да регистрира и јавно изговарање на новото уставно име на државата од фунционер на ВМРО-ДПМНЕ.
Како што покажува видео-записот подолу, министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, го употребува терминот Влада на Република Северна Македонија, читајќи од текст кој се наоѓа пред неа.
Извор: 360 Степени