По 4 часа заврши распитот на прво и второ обвинетите во случајот „Труст, Сеад Кочан и Василије Авировиќ. Судот во наредните 24 часа ќе одлучува дали на обвинетите ќе им биде изречена мерка притвор која ја побара Специјалното јавно обвинителство со образложение дека обвинетите можат да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоците или пак да фалсификуваат документи, јавува А1он.
Кочан и Авировиќ одбегнувајќи ги новинарите го напуштија Кривичниот суд без никаков коментар за денешниот распит, исто како и обвинителите од СЈО.
Три лица, раководители во фирмите „Трансмет“,„Силекс-неметали“ и „Вато“, се обвинети за добивање тендер и анекс со фалсификувана документација преку што незаконски заработиле 1 милијарда и 60 милиони денари.
Виктор Јованов