(ВИДЕО) Субвенции нема, Миновски молчи

Технички причини или празен буџет. Молк во министерството за финансии. Министерот Миновски не одговара кои се техничките причини поради кои доцни исплатата на субвенциите. Земјоделците прашуваат дали се чека ново задолжување за потоа да им се исплатат парите или навистина има технички проблем.
„Најголемиот дел од земјоделските производители од 2016 година сè уште ги немаат добиено средствата. Од последните консултации што се случија мислам дека големи несогласувања или недоразибрања постојат, пред сè, пред трите главни фактори, а тоа се Министерството за земјоделство, платежната агенција и Министерството за финансии“, изјави за ТВ 24 земјоделецот Ристо Велков.
Во средата пак, министерот за земјоделство, Михаил Цветков, за телевизија 24 порача дека пари има.. Субвенциите ќе бидат ипслатени за неколку дена, но за техничките проблеми порача одговори да се бараат од министерот за финансии.
„Парите се обезбедени со програмата, ги има во буџетот, значи има некои технички причини што најверојатно за ден, два или три сигурно ќе се надминат“, изјави Михаил Цветков.
Земјоделците велат дека субвенциите треба да ги добиваат тогаш кога им се најпотребни..
„Без субвенции моментално сме за никаде, а временскиот интервал во кој сега се наоѓаме се најпотребни субвенциите затоа што сме веќе истрошени“, изјави земјоделецот Љупчо Аризанов.
Од СДСМ пак со став дека, станува збор за свесно манипулирање со земјоделците.
„Постојат илјадници решенија, правосилни и извршни, за тоа како им се одобруваат субвенции на земјоделците. Никој со ништо не можеше и не ја спречуваше власта во заминување да до ноември 2016 година ги исплати заостанатите субвенции“, изјави Љупчо Николовски.
Исплата на субвенциите претходно беше закочена поради најавата за избори, потоа имаше проблем со директорите на платежната агенција, но иако налозите за исплата сега се потшишани парите ги нема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e