(ВИДЕО) СЈО: Нема истрага ниту обвинение за ниту еден министер од новиот владин состав

Нема истрага ниту обвинение за ниту еден министер од новиот владин состав, велат од Специјалното јавно обвинбителство. Ова е одговорот на барањата што вчера СДСМ ги поднесе до СЈО во кои бараше одговор дали за некој од новите министри СЈО има обвинение или се води истрага, објави ТВ 24.
Одговорите се веќе пратени во Собранието и според информациите од парламентарното мнозинство токму вечерва Заев се очекува да ги каже во завршното обраќање пред гласањето за новата Влада. Од СЈО велат дека не можат да откриваат дали за некого има предистражана постапка.
„Барањата од мандатарот Зоран Заев ги примивме вчера попладне.Одговорите се испратени во Собранието. Против никого од имињата што се наведени во списокот нема истрага ниту обвинение. Во однос на предистражните постапки, не смее да се даваат информации оти се тајни и тоа е така во секое обвинителство. И да се бараше таква информација, тоа нема да се соопшти, оти е тајност“. – велат од СЈО.

По објавувањето на новиот владин состав, критиките главно беа за дел од кадарот на ДУИ, односно кон пораншениот градоначалник на Струга Рамиз Мерко, екс министерот за земјодeлство и градоначалник на Липково, Садула Дураку, Хазби Лика и пораншениот портпарол на ДУИ и министер за здравство Бујар Османи. Во јавноста излегоа информации дека за Османи, СЈО пред една година покренало предистражна постапка, откако во прислушуваните разговори што ги објави СДСМ, екс министерот Тодоров и објаснува на екс министерката Јанкуловкса дека незаконски биле потрошени 400.000 евра, за реконструкција на болницата во Тетово. Од СЈО не сакаа да коментираат. Лидерот на СДСМ и иден премиер Зоран Заев изјави дека барањата нема да бидат испратени и до Основното јавно обвинителство се додека во целото судство вклучително и во Основното јавно обвинителство како што рече не се направат реформи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e