(ВИДЕО) СЈО го истражува имотот на ВМРО-ДПМНЕ – 6.9 милиони евра само за седиштето на партијата

ВМРО-ДПМНЕ се смета дека е една од најбогатите политички партии во Европа, според СЈО тие средства ги стекнале во последните пет години. Во досието на СЈО под код „Талир“ се вели дека оваа партија во Агенцијата за Катастар има над 90 парцели со имотен лист. Вредноста на целиот имот е над 60 милиони евра. Во предметот „Талир“ под истрага се  две третини од тој имот. Еден од објектите за кој СЈО побара замрзнување од судот се наоѓа во Сарај.

Според специјалната обвинителка Ленче Ристоска, во дванаесетте барања за замрзнување на имот, има најмалку три сомнителни имоти кои се присвоени преку финансиски злоупотреби  од страна на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2009 до 2015.

Порано вака изгледаше седиштето на оваа партија. Денес, овој објект чини 6.9 милиони евра. Но, според СЈО тоа не е единствениот објект изграден со сомнителни пари.

ВМРО-ДПМНЕ во својот одговор рече дека СЈО ја игра играта на СДСМ.

За поранешниот член на антикорупциската комисија, Драган Малиновски, преку овие имоти се переле пари. Според него, Судот требаше да ги прифати барањата на СЈО за замрзнување на имотот.

Инаку, во Членот 6  за финансирање на политичките партии се вели :

Законот за финансирање на политичките партии, во член 6

“Политичките партии имаат право на сопственост на деловен простор, опрема, канцелариски материјал, превозни средства и друг движен имот потребен за остварување на целите и вршење на активностите утврдени со статутот на партијата и со закон.”
Според УЈП, минатата година ВМРО-ДПМНЕ пријавила над 1.8 милиони евра даноци од физички и правни лица. Исто така според УЈП, во 2015 година на сметката на оваа партија донирале над 3600 физички лица и две компании. Најголем дел од парите или 73 % се собрани за само 12 дена.

Извор: ТВ21

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e