Македонија извојува победа над режимот. Над шестотини илјади граѓани на Република Македонија одбраа живот. Го одбраа заедништвото наспроти политиките на раздор со кои што владееше режимот на Никола Груевски. Во изминатиов период видовме што значи раздорот, а што значи нашето заедништво.
Граѓаните на Македонија го одбраа животот. Во Македонија го враќаме животот. Теарце ја има таа чест да ја запечати победата на граѓанска, демократска Македонија. Граѓаните во Теарце, како и граѓаните во целата Македонија, одбираат европска Македонија. – изјави Петре Шилегов, носител на кандидатска листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 6
И овдека во Теарце граѓаните заслужуваат да имаат водовод и канализација како секаде во современиот свет во дваесет и првиот век. Токму затоа овдека истакнуваме: секој е важен! Секој човек во Република Македонија е важен.
Приоритетите на новата демократска Влада на Република Македонија се токму потребите на граѓаните на Република Македонија. Во Теарце победува Македонија. – додаде Шилегов.