(ВИДЕО) Шилегов: Кочан добил 15.000 м2 во „Емпорио мол“ со измени на ДУП-от

Власта на ВМРО-ДПМНЕ во општина Ѓорче Петров направи измена на ДУП-от и му овозможи на Трансмет нови 15.000 квадратни метри деловен простор.

Предвидените 3.600 метри квадратни за општината остануваат непроменети, изјави Петре Шилегов, портпарол на СДСМ, денеска пред деловниот простор „Емпорио мол“ што го гради фирмата Трансмет во сопственост на Сеад Кочан.

– Првичниот проект предвидувал деловен простор од 15.000 квадратни метри од коишто, во најголем дел, 11.400 квадратни метри деловен простор за Трансмет. Беше предвиден простор од само 3.600 квадратни метри за општина Ѓорче Петров, односно за потребите на граѓаните. Овој објект е класичен пример за тоа како власта на ВМРО-ДПМНЕ, независно дали на општинско или на државно ниво, се интересира само за сопствените бизнис интреси, а не за интересите на граѓаните. Граѓаните се излажани, законите се изиграни. Наместо да добијат 25 проценти од комплексот, согласно договорот, Општината и државата сега имаат двојно помалку простор, додека просторот за Кочан двојно расте – рече Шилегов.

Тој повика дека се потребни итни промени на власта, а дека бизнисот на Кочан во Ѓорче е уште една потврда на тоа.

– Дополнително, со промените Кочан и Трансмет добиваат дури 40% попуст за комуналии! Ова е само еден од многуте бизниси што ги доби Кочан од власта на Груевски во заминување. Ваквите зделки се уште една потврда дека што побрзо мора да се спроведе мнозинската волја на граѓаните за промени и да се овозможи да функционира правдата. Криминалците не смеат да бегаат од државата и ни ден повеќе да раководат со парите на граѓаните и со Македонија. На Македонија и е итно потребна нова реформска Влада којашто ќе се грижи за граѓаните и ќе обезбеди функционална држава – додаде Шилегов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e