“Тешко им е да заминат во опозиција. Тешко му е на Трајко Вељаноски да ја напушти фотелјата која ја држи незаконски исто како и отсутниот Емил Димитриев. Тешко му е и на Никола Груевски, па затоа отиде за Малта, оставајки ги пратениците овде да се срамат”, рече Радмила Шекеринска од собраниската говорница, по повод смисленото одолговлекување на седницата од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои меѓусебно си упатуваа реплики и контра-реплики.
“Поради неколкумина кои се плашат од кривични пријави за милиони евра криминал, вие денеска треба да се брукате со бесконечни реплики и контра-реплики”, им се обрати Шекеринска на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
Таа ги покажа двете интервјуа на Груевски дадени за “Дневник” и “Косово експрес”, од 9-ти и 20-ти јануари, односно во период кога ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ преговараа за ново коалицирање а во кои интервјуа како што кажа Шекеринска, Груевски воопшто не ја спомнува ниту се откажува од т.н “Тиранска платформа”.