(ВИДЕО) Шекеринска: Имаме План за здравство кое лекува

Изјава за медиуми,
Радмила Шекеринска, носителка на кандидатската листа на СДСМ и кооалицијата во И.Е 5
Кичево, 23.11.2016

Денеска сме во Кичево кадешто граѓаните се соочуваат со истите проблеми како и низ цела Македонија. Еден од нив се катастрофалните услови во здравството. Болницата во Кичево е во таква катастрофална состојба. Нема лифт, нема греење по ходниците, болницата е во недоизградена зграда, нема услови и нема опрема во делот на интензивната нега, детската грижа се уште е лоцирана зедно со лабараторијата во стара барака, медицинскиот персонал недостасува, и граѓаните се соочуваат со слабо присуство и на лекови.

Ова е исто за сите кичевчани без разлика на тоа каде припаѓаат етнички, верски или партиски. Овој проблем е проблем заради тоа што Груевски не се интересира за проблемите на граѓаните. Единстевното нешто што го интересираше во последниве 10 години беше неговиот џеб, неговите сметки и зачувување на власта.

Време е ова да се промени, имаме План за живот во Македонија којшто ќе обезбеди здравство кое лекува. Уште во првите шест месеци, за 15 % ќе ја зголемиме платата на целиот медицински персонал, а до крајот на мандатот, двојно ќе ги зголемиме платите на сите којшто работат во здравството.

На тој начин Македонија ќе ги сочува и своите лекари, и своите медицински сестри, сите оние чија првенствена задача е да не лекуваат и да ни обезбедат здравствена заштита.

Во нашиот План за живот во Македонија обезбедуваме бесплатно болничко лекување за сите граѓани во нашата држава.

Имаме план којшто ќе значи подобар живот во нашата држава.

Имаме план за живот во Македонија, и по 11-ти декември, заедно ќе го реализираме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e