Бизнисменот Сеад Кочан утрово беше на распит во Специјалното јавно обвинителство. Придружуван од неговиот адвокат, Никола Додевски, првосомничениот во случајот „Труст“ за прв пат се појави во СЈО. По излегувањето од обвинителството на прашање на НОВА ТВ: Каде бевте на „службен пат“, Кочан не одговори ништо. Молчешкум, заедно со Додевски, тие си заминаа од СЈО.
Видео: НОВА ТВ