Погледнете и споделете го првиот краткометражен филм „Роденденски подарок“ за мултипла склероза (МС). Во него е отсликана реалноста и здравствените и социјалните предизвици со кои се соочуваат овие лица во општеството. Филмот има прекрасен расплет каде секој може да ја почувствува суровата реалност, гордоста и победата. МС е една од најчестите невролошки нарушувања и причини за инвалидитет кај младите возрасни лица.
Посветено работиме на унапредување на грижата за пациентите со мултипла склероза. Три пати ја зголемивме достапноста на високоефикасни лекови за пациентите со мултипла склероза, пишува министерот за здравство Венко Филипче.