Закажаниот Централен Одбор на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија ќе продолжи со работа, Претседателот Заев, којшто поради временските неприлики мораше да слета на аеродромот во Софија е во ред и е на пат за Македонија.
Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија има органи,тела, и може да одлучува дури и без првиот меѓу еднаквите, оној којшто исклучително добро ја води нашата партија.
Извршниот Одбор на СДСМ заврши предмалку, и номинира повеќе точки на разгледување и дискусија на Централниот Одбор.
Првата точка е актуелната политичка ситуација во државата и разгледување на опциите за одржување на предвремени Парламентарни избори заедно со Претседателските избори, втората точка е отпочнување на постапка за избор на кандидат за Претседател на државата како и за кандидати за Градоначалници на Општина Охрид, Општина Ново Село и Општина Дебар, исто така тука ќе бидат утврдени правилниците, роковниците и критериумите за кандидирање, впрочем и целата постапка за избор на Претседател и Градоначалници на овие три Општини.
Исто така она што за вас како временска димензија е битно , предлог одлука за свикување на 23 Конгрес на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Извршниот Одбор до Централниот Одбор, предлага да се одржи на 03.03.2019 година.
Исто така една од точките е предлог одлука за избор на Секретар за Меѓународна соработка, почитуваниот господин Дане Талески ќе оди како предлог за оваа значајна функција во нашата партија до Центалниот Одбор и една техничка за Социјалдемократскиот
Сојуз на Македонија операција, а тоа е одлука за пререгистрација на СДСМ, нешто што сите политички партии го прават еднаш на четири години.
И нормално, последната точка е тековни прашања кадешто нормално членовите на ЦО можат да номинираат најразлични теми, прашања и дискусии коишто се во интерес на функционирање на СДСМ и државата впрочем.
