ВИДЕО: Пратениците расправаат за СЈО наместо за Комисијата за избори и менување

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, наместо да зборува за избор на Комисија за избори и менување, зборуваше за Специјалното јавно обвинителство.

Тој кажа дека ако членовите на ВМРО-ДПМНЕ зборуваат против раководството на СДСМ, ќе добиеле пријава од СЈО.

– Ако Трајко Вељаноски не го толкува Деловникот како што им одговара на СДСМ, ќе добие пријава од СЈО. Ако Иванов не го даде мандатот, ќе добие предистражна постапка од СЈО и така натаму, рече Милошоски.

Шекеринска му реплицираше дека и него како голем патриот го има во „бомбите“, па затоа е нервозен и дофрла.

– СЈО била болката, тука е причината за окупираното Собрание и изолираната Македонија рече Шекеринска.

Извор: А1он

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e