Потпаролот на СДСМ Костадин Костадинов на новинарското прашање дали е одбиено и зошто барањето за повлекување на законот за плати со коишто им се зголемуваат платите на вицепремиерите рече:
„Секако го одбивме барањето за повлекување од дневен ред на точката поврзана за платите на вицепремиерите од причина што ставот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата дека поддржување на дополнителни бенефиции за вицепремиери нема да има. Значи ќе гласаме против оваа точка, тоа ќе го докажеме и со самото гласање кога точката ќе дојде на дневен ред.“
Дали се откажуваат од платите Костадинот потенцираше дека тоа е апсолутно така. Дополнителни бенефиции за функционерите не се потребни, бенефиции ќе има исклучиво за граѓаните, тоа е јасна определба на СДСМ и коалицијата, нагласи тој.
